Skip to main content

Нов Мега маркет на МИСА во Струга


МИСА им излегува во пресрет на потрошувачите со огромен асортиман на производи на 900 метри квадратни и  сопствен паркинг простор.Станува збор за домашна инвестиција, која отвори нови 40 вработувања, шести по ред маркет во ланецот Миса

 |  Соња Рилковска  | 

Започна со работа новиот мега маркет „Миса“ во Струга.  Современиот маркет се наоѓа на   влезот од Струга во близина на автобуската станица.  Распослан на  900 метри квадратни е еден од најголемите маркети во регионот.
Се на едно место. Трговскиот објект  располага со сопствена месарница, рибарница, пекара,слаткара, зелен пазар. За брзиот современ живот се подготвуваат  и готови јадења. Се е свежо подготвено на лице место, велат сопствениците.
 „Отворен е „Мега Миса“во Струга  со поголема понуда за стружаните и за околината. За да може сите да испазарат се што посакуваат на едно место. Значи имаме свежо месо, свежа риба, печиме пецива секојдневно, леб. Понудата е широка да се пазари буквално се што е потребно на едно место“, вели Никол Николоска шеф на смена.
Огромен асортиман на производи од храна до козметика, детски играчки, по најниски цени и голем број изненадувања  и подароци за потрошувачите организирани преку викенд акции.
„Има паркинг. Отворени сме од 7 ч наутро до 22 навечер. Работиме од понеделник до недела. 0122  Потрошувачите се презадоволни маркетот е вистина светски маркет. Добиваме многу пофалби. Маркетот е нов, се е чисто и беспрекорно  средено. Сите сме задоволни и потрошувачите и ние вработените“, вели Николоска.
Станува збор за домашна инвестиција која отвори нови 40 вработувања. Ова е  шестиот по ред маркет од ланецот „Миса“.Пет во Струга и еден во Охрид. Менаџерите велат нивната тендеција е проширување на пазарот и отворање на нови маркети и на други локации.