Skip to main content

Струшкиот Завод за нефрологија ќе добие дигитални апарати за хемодијализа

Владата го разгледа и усвои новиот текст на Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за почнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема за повеќе јавни здравствени установи. Струшкиот завод за нефрологија е една од установите која ќе добие медицинска опрема дигитални РТГ апарати.

 |   | 

Владата на редовната 140. седница го разгледа и усвои новиот текст на Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема дигитални РТГ апарати за потребите на повеќе Јавни здравствени установи во Република Северна Македонија, за јавна набавка на медицинска опрема – апарати за хемодијализа, за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија, ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември Скопје и ЈЗУ Завод за нефрологија Струга, како и за започнување на постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема, за потребите на ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина – Скопје.