Skip to main content

„Струга-Твојата туристичка дестинација”

Општина Струга во рамките на апликацијата „Струга-Твојата туристичка дестинација”, подготви Список за проверка на План за управување со животната средина за проектот „Струга-Твојата туристичка дестинација”. 

 |   | 

Целта на планот е навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности за подобрување на сообраќајната инфраструктура, поточно, реконструкција и проширување на постојните тротоари и изградба на пешачка и велосипедска патека.

Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.Јавната расправа по Планот за управување со животната средина ќе се одржи во просториите на општина Струга на 11.02.2020 година.