Skip to main content

Џудо клубот „Дрим“ од Струга домаќин на вториот семинар за лиценцирање на џудо тренери и судии

Џудо клубот „Дрим“ од Струга  домаќин на вториот семинар за лиценцирање на џудо тренери и џудо судии, на кој учествуваа 27 млади, нови тренери кои што сакаат да почнат да работат, да добијат дозвола за работа и лиценца. Исто така, присутни беа и млади судии кои планираат да напредуваат во својата кариера. Тие полагаа теоретски тест, а на главните државни првенства ќе го полагаат и практичниот тест.

 |   | 

Џудо клубот „Дрим“ од Струга домаќин на вториот семинар за лиценцирање на џудо тренери и џудо судии, на кој учествуваа 27 млади, нови тренери кои што сакаат да почнат да работат, да добијат дозвола за работа и лиценца. Исто така, присутни беа и млади судии кои планираат да напредуваат во својата кариера. Тие полагаа теоретски тест, а на главните државни првенства ќе го полагаат и практичниот тест.

– Како член на комисијата, заедно со моите двајца колеги, имаме подготвено неколку презентации за нашите колеги тренери. Едната е на колегата Ѓорѓија Стојанов, кој што ќе зборува во делот на нутрциски протоколи, а јас имам подготвено тема за етички кодекс на однесување на тренерите. Судиската комисија, во делот за судиите, има подготвено свои теми кои ќе бидат одработени денеска. Струга е град каде џудото веќе неколку години традиционално се подигнува на се повисоко ниво и нашата џудо федерација го одреди како домаќин. Џудо клубот „Дрим“ како технички организатор ни нуди одлични услови , рече Горан Мицкоски, член на Комисијата за едукација и лиценцирање на џудо тренери на Џудо федерацијата на Република Северна Македонија.

-Џудо федерацијата на Македонија ни ја даде честа да бидеме организатори на овој семинар. Се надевам дека сите присутни ќе бидат задоволни од нашата организација и дека сите присутни ќе се стекнат со потребите знаења што понатаму ќе им служат во тренерската и судиската работа. На тој начин, ќе имаме се поголеми успеси во џудо спортот, изјави Ѓорѓија Стојанов од ЏК „Дрим“ и член на Комисијата за едукација и лиценцирање на џудо тренери.

-Вториот судиски семинар ги опфати измените на најновите правила од Интернационалната џудо федерација , а ќе ги разгледуваме и правилата одржани од страна на ИЏФ во Доха, Катар. Истите правила веќе ги разгледавме, а ова е втор семинар на кој имаме презентација на истите правила и промените кои се донесени. Ќе има лиценцирање за постојните судии, како и полагање за нови судии, изјави Златко Јолески, претседател на судиската комисија на Џудо федерацијата на Република Северна Македонија.

Веќе следната недела, на 8 март следува првото Државно првенство, а комисијата одржа состанок на кој беа утврдени лиценците и дозволите за работа за сите џудо-тренери. Листата на сите носители на џудо тренери ќе биде објавена наскоро и ќе се работи соодветно на Статутот и Правилникот.