Skip to main content

Струшката Еордија ќе се одржи само со дел од локалното свештенство и монаштво

Традиционалната древна струшка Еордија – литијата со Чудотворната икона на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, збогатена и со неговите чесни мошти од неговиот Манастир во Рајчица, како и Чудотворната икона на Пресвета Богородица – Крнинска и на Христос Архиереј од Манастирот Пречиста Кичевска, ќе се одржи и оваа година, во четврток на 7 мај, за благослов на градот Струга и на целата наша Татковина.

 |   | 

Меѓутоа, поради вонредната состојба со пандемијата на коронавирусот, и во согласност со превентивните мерки на државните и здравствените власти, овој пат Литијата ќе биде составена само од дел од локалното свештенство и монаштво, без присуство на верниот народ. Учесниците ќе се придржуваат кон потребните мерки, а локалното население ќе може да ја проследи само од по тротоарите на улиците каде што таа ќе минува, држејќи го препорачаното растојание.

Исто така, со почеток во 16 часот, во струшкиот храм на Свети Георгиј Победоносец, од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и на дел од локалното свештенство, ќе биде отслужена и традиционалната ктиторска Вечерна со панихида за покојните ктитори и градители, но повторно без присуство на народ. Со цел на верниците да им се овозможи да земат молитвено учество во оваа Вечерна, храмот ќе биде озвучен и тие ќе можат да ја слушаат богослужбата однадвор. По завршетокот на Вечерната, околу 17 часот, ќе започне Литијата. За оние што имаат желба да ја проследат оваа традиционална духовна и културна манифестација, ќе биде овозможен пренос во живо.

Струшката Еордија спаѓа во категоријата „Значајно културно наследство“, заштитено со државен закон и преку здружението „Рајчица“ таа е помагана од Министерството за култура.