Skip to main content

Струга бара кратење на полицискиот час, отворање на рестораните и хотелите

Општинскиот кризен штаб денеска поднесе барање до  централниот, да се  преземат мерки за што поскоро враќање на животот во нормала.    

 |  Соња Рилковска  | 

Струга бара  кратење  на полицискиот час, отворање на угостителските и хотелските објекти.  Општинскиот кризен штаб денеска поднесе барање до  централниот, да се  преземат мерки за што поскоро враќање на животот во нормала.    
Се бара отворање на граничниот премин Ќафасан, влез на туристи од Албанија  и враќање на  редовните возни линии со селата

„Уште денеска ќе пуштиме барање до Влада за што поскоро да се ослободи  народот Ние сме туристички град мора да дозволиме да се отвораат рестораните и хотлеите, мора да функциониаат кафетериит. Да се скрати полицискиот час и да се отвори границата Ќафасан за да комуницираме со Албнија“, вели Дашмир  Насуфи од Општинскиот кризен штаб

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ сметаат дека се уште е рано за такви храбри одлуки, бидејќи опасноста од корона вирусот не е помината.

„За такви мерки сепак мислам дека е се уште рано. Ние се уште се соочуваме со заболени од корона вирус. Мислам дека се уште е рано за таков чекор“„, вели Мирче Аџиоски претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга.
Туризмот зема големо учество во економијата и  во  градот на мостовите.
Угостителите бараат олабавување на мерките и што поскоро отворање на рестораите, бидејќи штетите се огромни.
Во општина  Струга од корона вирусот заболеа  67 лица  , од нив 25 пациенти оздравеле,  а 12 починале, најголем дел од нив од село Лабуништа.
Новинар Соња Рилковска