Skip to main content

Струга добива нови корпи за ситни отпадоци

ЈП Комунално-Струга почна со поставување на новонабавените метални корпи наменети за одлагање на ситни отпадоци.

 |   | 

ЈП Комунално-Струга почна со поставување на новонабавените метални корпи наменети за одлагање на ситни отпадоци.

Новите корпи за отпадоци се поставени на ул Маршал Тито-пред зградата на Оштина Струга се до кружниот тек на раскрсницата со ул Маркс Енгелс. Во наредните неколку дена поставувањето на новите корпи ќе продолжи по шеталиштето на кејот на реката Црн Дрим.

Со поставувањето на нови корпи се очекува во голема мера да се придонесе за подобрување на нивото на чистотата во град Струга.