Skip to main content

Во Струга, пронајдени се лимени сандаци со куршуми од Втората светска војна

На 01.12.2020 во 13.45 часот, во ОВР Струга пријавено е дека при изведување ископ со багер на плажа, во близина на хотел во Струга, пронајдени се лимени сандаци со куршуми различен калибар од Втората светска војна.

 |   | 

По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи.