Skip to main content

Расте бројот на заболени во Вевчани и струшко, новозаблените се претежно млади лица

Од ниеден активен случај со корона вирус, изминатава недела бројот на заболени во општина Вевчани порасна на 20 лица. Загрижува тоа што поголемиот дел од нив се млади од 20  до 40 години.

 |  Соња Рилковска  | 

Од ниеден активен случај со корона вирус, изминатава недела бројот на заболени во општина Вевчани порасна на 20 лица. Загрижува тоа што поголемиот дел од нив се млади од 20  до 40 години. Некои се со тешка клиничка слика и се испраќаат на инфективните одделенија во Струга или Скопје.

„Старосната граница е релативно помлади луѓе,  значи од 20 до 40 години некаде 60% од заболените .Клиничката слика е еднаква како што беше претходно немаме некои измени. Моментално тука имаме  10 пациенти кои што се на терапија, а 5 пациенти ги имаме испратено во модуларната болница во  Струга“, вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом Вевчани.

Најголем дел од новозаболените се од Вевчани, но и од селата  Велешта, Октиси, Добовјани и Татеши. Дел се лекуваат во  дневната ковид  болница во вевчанскиот здравствен дом.

„ Овој број на пациенти е помал во споредба со ноември и сметаме дека сме екипирани да се справиме со овој наплив на пациенти од ковид 19“, додава Стојкоски.

Во струшката болница моментално се хоспитализирани дваесеттина  пациенти со корона вирусот, релативно помлади лица со тешка клиничка слика.  Модуларната болница е подготвена, има и доток на кислород, во неа ќе се згрижуваат пациенти доколку расте бројот на новозаболени.  За разлика од Охрид во струшко  бројот на активни случаи е тројно помал.