Skip to main content

Здравствените домови во струшко подготвени за старт на вакцинација на населението

Имунизацијата започнува во петок.

 |   | 


Здравствените домови во струшко подготвени за старт на вакцинација на населението. Во Струга пристигнаа 400 вакцини на  „Астразенека“, а веќе од петок  стартува имунизација на постарите лица над 77 годишна возраст. Во Здравствениот дом  Д-р Светозар Чочороски во Вевчани пристигнаа првите 100  вакцини, имунизацијата почнува од задутре.

Термините  за првиот вакцинален  ден се веќе пополнети, ќе се имунизираат  по 20 пациенти дневно.

„Процесот  на имунизација ќе продолжи, со тоа што ќе го зголемиме бројот на вакцинални пунктови . Во моментот сме само во Вевчани од идната недела со зголемувањеото на бројот на  вакцини ќе ги активираме  и ванциналните  пунтови во селата Велешта и Лабуништа“ , вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом Вевчани.

Во Струшката болница хоспитализирани се  само 18 позитивни на Ковид 19, Итната медицинска помош дневно има 50 тина посети на заболени на домашно лекување, со полесна клиничка слика.   

„Спремни сме и кадровски и просторно и во секој поглед. Имаме пунк по сите правила и прописи, пперсонал имаме, три екипи можеме да вклучиме“, вели Андон Ложанскоски директор на Здравствен дом Струга.

Во однос на интересот за вакцинација во  Струга,  матичните лекари велат двојно е помал интересот од првично пријавените лица.
За разлика од Охрид каде моментално  нема место во модуларната болница, во соседна  Струга  монтажната  болница  се` уште  не е ставена во функција, бидејќи  има  слободни кревети на Интерното одделение.