Skip to main content

Случајот со струшката депонија влезе во судница

Денеска во Струга започна судскиот процес за дивата струшка депонија.  Македонското здружението на млади правници  ги тужи Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Струга и Јавното претпријатие Комунално Струга поради непреземање мерки за справување со депонијата со што го повредилче правотo на здрава животна средина. По неколкуте неуспешни кривични пријави против непознат сторител, ова е прва граѓанска тужба за струшката депонија.

 |  Соња Рилковска  | 

Со изнесување на аргументите утрово започна судската постапка за  струшката депонија.  Во оснвниот суд Струга се одржа првото рочиште по поднесената   граѓанска тужба од страна на  Македонското здружение на млади правници, кои бараат итно да се престане да се депонира отпад и дислокација на градската депонија.
После направено вештачење дека депонијата, која  е во самиот град ја загадува почвата,  реката, Охридското езеро  со што предизвикува штетни последици врз здравјето на луѓето, тужени се  министерство за животна средина, општина Струга и Комуналното претпријатие.

„Со тоа  вештачење ќе утврдиме дека  постоењето на депонијата е сериозна опасност по здравјето и животот на луѓето и со тоа предложени се конкретни мерки за дислокација на депонијата од местото каде се наоѓа“, вели Глигор Ќатоски адвокат на тужителите.  

Тужените ги застапуваа правобранителство и адвокатски застапници, ново рочиште е закаано за 25 Мај и увид на самата депонија. Овој судски процес, според тужителите  ќе биде основа за решавање на проблемот со сите диви депонии во државата.

„Можноста на судската власт да се реафирмира како трета власт во државата  и евентуалната судска пракса која во иднина ќе може да биде применлива на други депонии пример во Русино , Дрисла и сите други нелегални депонии“, вели Ќатоски.

Дислокацијата на депониите во регионот е и една од клучните забелешки на Унеско , но надлежните  со години си ја префрлуваат вината.
Ова е прва судска постапка врз основа на  граѓанска тужба во земјава, тужителите велат правдата ќе ја бараат и на  Европскиот суд   за човекови права во Стразбур.