Skip to main content

Струшките плажи во ек на сезоната само со неколку спасители

Струшките закупци на плажите во ек на сезона немаат безбедни капалишта. Иако законот им налага, не ангажираат спасители и не ги обележаа капалиштата. Спасителите се од клучно значење за безбедноста на посетителите на плажите, во текот на сезоната се случуваат по стотици интервенции.

 |   | 

На струшкото крајбрежје, во ек на летната сезона ангажирани се само неколку спасители. Иако има концесионери, кои имаат склучено договори со општината, мал е интересот за ангажирање на спасител на плажа. Капалиштата не се ни обележани и нема поставени табли на кои согласно правилникот треба да стои дека плажата е небезбедена.

Спасителите се клучни за безбедноста на капачите, но и законска обврска за концесионерите.  

Секој од нас и кога би бил некаде на одмор, но и кога би бил граѓанин на нашиот град сака да се чувствува безбедно на плажа, без разлика во кој дел се наоѓа дали во или вон градот. Секој ја сака безбедноста и е важно за секој кој е на капалиште.-вели Адуриме Даути секретар на Црвен крст Струга.

Стотици интервенции се случуваат во текот на една летна сезона. Најчесто топлотни удари, шокови, расекотини, повреди од скок во вода, изгубени деца, спасени давеници.

Многу капачи на плажите многу пловила иако е забрането да пловат во периметар одбележан за капачи, но се случуваат и има од секој вид на несреќи и интервенции.-додава Даути.

Во Струга има над 50-тина лиценцирани спасители, но договор за ангажман со Црвен крст имаат склучено 15-тина. Од вкупно 15 плажи, досега само неколку воспоставиле безбедносни критериуми и ангажирале спасители.

 

Новинар : Соња Рилковска