Skip to main content

Реновирана детската градинка во Вевчани

Објектот е целосно реновиран, а со тоа овозможени се услови за поздрава и постимулативна средина за престој на децата. Проект кој е поддржан со грант од Швајцарската Агенција за обнова и развој, а го избраа граѓаните на Вевчани.

 |   | 

После 40 години реновирана детската градинка „Планински цвет“ во Вевчани. Овој проект го избраа граѓаните, кои преку Форуми на заедниците одлучувајќи како да се трошат нивните пари.

Со грант од 66 илјади евра од Швајцарската агенција за обнова и развој, се реализираше изврши „Адаптација и пренамена на простории во детската градинка ЈОУДДГ Планински Цвет“. Се направи замена на електричната инсталација, спуштање на плафоните, опремување на засебен и соодветен простор за индивидуална работа на логопед како и целосно уредување на надворешниот простор за игра на деца со поставување на нови детски  реквизити.

Според градоначалникот проектот е од особено значење за граѓаните, а ќе овозможи поздрава, побезбедна, поубава и по стимулативна средина за престој на децата.

Се организираа пет форуми на кои граѓаните од општина Ввечани го избраа како прворангиран проект а тоа е реновирањето на детската градинка Планински цвет во Вевчани , второрангиран беше Дневниот центар за пензионери во општината  и тука со овој грант се реализираа  бидејки толку беа средствата – изјави градоначалникот на општина Вевчани Сашо Јанкоски.

Граѓаните на Вевчани ја избраа детската градинка како приоритетна потреба за општината.

За нас во Швајцарија ваквата методологија е многу важна таа всушност треба да се базира врз она што е потреба на самите граѓани. Значи тие ги утврдиле своите потреби за таа инвестиција и таквата поддршка е всушност во прилог на нивниот интерес. Инвестирањето во младите е многу важно тоа е инвестирање во иднината – вели Сибил Зутер Техада, амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија.

Во градинката има згрижено стотина деца, за разлика од поголемите градови во Вевчани нема листа на чекање за упис во градинка. Втор проект кој го избраа граѓаните и се реализира е „Реновирање на дневниот центар за стари лица и пензионери“ .