Skip to main content

Три дена беснее пожар на Јабланица, жителите на Вишни преплашени

Пожар веќе три дена беснее на Јабланица. Синоќа пламените јазици наближувале до првите куќи во селото Вишни. Жителите преплашени, пожарникарите и Македонски шуми на терен ја набљудуваат состојбата, велат засега нема опасност од проширување.

 |   | 

Ставен под контрола пожарот на Јабланица, кој три денови беснее помеѓу селата Долна Белица и Вишни. Пламените јазици и силниот ветер синоќа предизвикаа страв и паника кај жителите на селото Вишни. Денес пожарникарите и Македонски шуми смируваат, велат нема опасност од проширување на огнот.

Теренот каде што гори и сеуште се гледа чадот е непристапен, не може да се гасне. Надлежните будно ја следат состојбата.

Теренот е доста непристапен карпесто место со трева и тешко може да се пристапи. Во моментов го поминавме целиот терен и состојбата е задоволителна нема огниште има пенушки кои горат – изјави Васил Радиноски раководител на ПЕ Македонски шуми Струга.

Жителите на Вишни минаа две непроспиени ноќи. Преплашени од пламените јазици кои се ширеле синоќа дежурале до полноќ.

Пожарот беше активен три денови така да синоќа се приближи до селото и ние сношти кога ги видовме фотографиите се собравме со дрон снимавме и според дистанца беше на 300 метри до првите куќи беше загрижувачки – вели жител на село Вишни.

Не е ништо покосено овде трева е сува овде да букни цело село ќе изгори. Дојдоа од Струга пожарна вели нема гајле далеку е како далеку за тебе далеку за мене не е – вели повозрасен жител на Вишни.

Се исплашивме се собра цело село овде колку ги има. Останавме до 10-11 часот. Баравме хеликоптер авион да дојди да згасне, ништо се е под контрола викаа, тоа пукаше се ширеше – вели еден жител на село Вишни.

Поради непристапниот терен пожарот на Јабланица беснее три денови. Гори нискостеблеста вегетација, надлежните ја набљудуваат состојбата. Не се преземаат мерки за гаснење поради непристапноста. Гасење со авиони ќе има само доколку има опасност од негово проширување.

 

 

Новинар – Соња Рилковска