Skip to main content

Жител на Албанија фатен со 30 кг риба кај Сатеска

Жител на Албанија вчера беше фатен со 30 кг свежа риба кај Сатеска.

 |   | 

Жител на Албанија вчера беше фатен со 30 кг свежа риба кај Сатеска.

На (17.01.2022) од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при Регионален центар Запад кај месноста Сатеска Струга, при извршен преглед на патничко моторно возило ,,опел зафира“ со албански регистарски ознаки, управувано од Ј.А. (52), државјанин на Република Албанија, беа пронајдени и запленети 265 парчиња свежа риба, со вкупна тежина од околу 30 килограми, а сокриени во багажниот простор на возилото. Против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.