Skip to main content

Во Враништа се гради нова црква на место од поранешната

Верскиот објект на светите Кузман и Дамјан ќе биде со поголеми димензии.

 |  Колоска Билјана  | 
frlanje temeli
фрлање темели

Верскиот објект на светите Кузман и Дамјан ќе биде со поголеми димензии.

Во Враништа се гради нова црква на местото од претходнота црквичка на светите Дамјан и Кузман. Вчера, свечено се фрлија темелите на верскиот објект, кај мештаните викан Св. Врача. Се трудиме од ова село да направиме мал Ерусалим, велат од црковниот одбор.

frlanje temeli„Ние на сите седници на Црковен Одбор го информиравме населението дека во план ни е да ги осветиме и другите цркви. Вкупно има 6, ова е трета која ја осветуваме“-вели Ѓорѓи Митрески, секретар на Црковен Одбор-Враништа.

Малата црквичка се наоѓа на североисточниот дел од селото, на патот кон соседното село Ложани.  Секојдневно е посетувано од верници,  не само до двете села туку од целиот регион. Во црквата СВ. Дамјан и Кузман посетителите бараат лек за нивното и здравјето на роднините, бидејќи овие светци биле исцелители односнодоктори, кои лечеле без никаква надохнада.

„Во оваа црквичка доаѓаат верниците, оставаат вода да се освети и потоа ја носат во своите домови, користејќи ја за здравје но и  за бериќет. Ги полеваат нивите за следната година да бидат поплодни“-истакна отец Ристе Наумоски.
Сакаме на ова место да изградиме поголем  верски објект, од онај претходно, со пропорционални димензии стандардни за една црква, велат од црковниот одбор.

„Ние не работиме по посебна стратегија, секој доброволно може да помогне со финансиски средства  за изградба на овој верски објект“-вели Митрески.
Изградбата на црквата е финансирана од месното население, црковниот одбор и господинот Новко Плаќаноски, сопственик на приватна фирма.

Со заеднички напори се  надеваме дека за доизградбата на верскит ојект ќе се одвива според планот, потенцира Митрески.
Инаку, со свеченото поставување на кемен темелникот на црквата Св. Кузман и Дамјан чиноначалствуваше митрополитот Дебарско Кичевски Тимотеј.

{loadposition content9}