Skip to main content

Градоначалникот на Струга на маса ги извади еколошките проблеми

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, му вети помош на Рамиз Мерко.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање денес беше на средба кај градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Отворено разговараа за горливите проблеми кои ја мачат општината од областа на екологијата. Мерко излезе со цел список нанижан со проблеми кои се на штета на животната средина. Приоритетно беше прашањето за локалната депонија.

„Укажавме дека мора да се најде решение за општинскио смет“, вели градоначалникот Рамиз Мерко. „Ни дадоа надеж дека ќе се надмине овој проблем“, додава Мерко.

Расположение за  решавање на овој проблем кој очигледно треба да биде приоритетен, покажа и заменик министерот Соња Лепиткова. Зеде обврска лично да се увери во тврдењата на градоначалникот Мерко.

„Ќе попјдеме на лице место кај споменатата спорнма локација каде се планира да се направи депонија и ќе се трудиме експресно да реагираме“, истакна Соња Лепиткова-заменик министер на мин за животна средина и просторно планирање.

Лепиткова го уверуваше градоначалникот дека ресорното министерство дава поголемо значење за заштита на екологијата и унапредување на истатата на  охридско-струшкиот регион. Рече дека во програмата на минстерството близи една третина од средствата се наменети токму за потребите на ова подрачје.

Лепиткова, вети решавање на проблемите, но дел по дел. Рече дека во тоа би успеале само доколку постои  соработка на релација централна-локална власт а не меѓусебно препукување. Градоначалникот и заменик министерот покажаа расположение и за идни средби.