Skip to main content

Конференциска лига на УЕФА

Струга Трим Лум убедливо кон пласман во плеј-офот на Конференциската лига

Хет-трик на Бесарт Ибраими за два гола предност на Струга ТЛ пред реваншот во Луксембург.
 |  инфодеск  | 
Struga Trim Lum

Струга Трим Лум е се поблиску до пласман во плеј-офот за влез во групите од Конференциската лига, по синоќешната победата од 3:1 на домашен терен во Скопје против Есперанж.

36 годишниот Бесарт Ибраими ги постигна сите три гола заактуелниот македонски првак.

Реваншот ќе се игра на 17 август во Луксембург, а победникот во овој двомеч во плеј-офот ќе игра со поразениот од дуелите меѓу Зрињски (Босна и Херцеговина) и Бреидаблик (Исланд) во третото квалификациско коло.