Во струшката градинка „8ми Март“ ќе бидат згрижени 220 деца
Градинките ги отворија вратите после 6 месеци поради пандемијата и повторно ги примија дечињата. Во струшката градинка „8 ми Март“ ќе бидат згрижени 220 деца, а на листата за чекање има уште 130. Одговорните велат имаат просторни услови и подготвени се да ги почитуваат препораките.