Skip to main content

„Моторола“ планира да укине 3.000 работни места

Американскиот производител на телекомуникациска опрема „Моторола“ во рамките на новата реорганизација планира да укине 3.000 работни места, што претставува намалување на работната сила за 4,5 отсто.

 |  Крсте Голабовски  | 
Motorola
Моторола
Американскиот производител на телекомуникациска опрема „Моторола“ во рамките на новата реорганизација планира да укине 3.000 работни места, што претставува намалување на работната сила за 4,5 отсто.

По најавеното отпуштање, вкупниот број на работните места укинати во „Моторола“ од јануари 2007 ќе се искачи на 13.000.

„Моторола“ се одлучи на реорганизација поради слабите деловни резултати, кои се последица од недостатокот на развој на нови модерни линии на телефони.

Motorola sedisteДве третини од планираното укинување на работните места ќе биде спроведено во одделот за мобилна телефонија, објави портпаролот на „Моторола“, Маја Комадинели.
Бидејќи мобилните телефони претставуваат основа на работењето на „Моторола“, целата компанија мора да спроведе реорганизација поради проблемите врзани за оваа област.

„Моторола“, која произведува и декодери за телевизори и телекомуникациска опрема за компании, од јули до септември забележала нето загуба од 397 милиони долари.

Американската компанија планираше рационализација и одвојување на одделот за производство на мобилни телефони во третиот квартал од 2009 година, но актуелните проблеми со кои се соочува овој оддел, доведе до тоа одвојувањето да се одложи на неопределено време.

„Моторола“ сега проценува дека тоа одвојување може да се реализира дури по 2009 година, пред се поради макроекономското опкружување, притисокот на финансиските пазари и промените поврзани со производството на мобилни телефони.

{loadposition content9}