Skip to main content

Белата куќа ќе мора да ги достави на суд документите за прислушкувањата по терористичките напади на САД

Администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш ќе мора да му достави на федералниот суд документи поврзани со прислушкувањата на националните разговори, кои Владата ги спроведе по терористичките напади на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, одлучи судијата Хенри Кенеди.

 |  Крсте Голабовски  | 
WTC
СТЦ

George BushКенеди потпиша барање американското Министерство за правда да му достави на судот увид во одредени документи, кои на судските рочишта биле побарани од група граѓани.

Тој бара од администрацијата на Буш до 17 ноември да бидат доставени овие документи, кои лично од него ќе бидат прегледани, со цел да се утврди дали нивното објавување би ја загрозило државната безбедност.

{loadposition content9}