Skip to main content

Нови терористички напади во Лондон

Тереза Меј изјави дека ужасниот инцидент во Лондон се третира како потенцијален акт на тероризам

 |  инфодеск  | 

Британската полиција извести дека во недела рано наутро се убиени тројцата напаѓачи кои во саботата доцна навечер извршија напад во близина на Лондон бриџ во кој се убиени шестмина а ранети се најмалку 48 лица. Меѓу тешко повредените се наоѓа и еден полицаец.

Тројцата вооружени напаѓачи се убиени на Бороу маркетот. Тие носеле со себе елеци со експолизив што подоцна се покажеле дека биле лажни.

Британската полиција извести дека во пет лондонски болници превезла повеќе од 30 луѓе, а големиот број пациенти со помали повреди се згрижени на местото на настанот.

Полицијата овој напад го карактеризираше како терористички. Прво бело комбе се залетало на пешаци на Лондон бриџ, а потоа, според зборовите на очевидци тројца луѓе излегле од комбето и со ножеви долги и до 30 сантиметри тргнале кон Бороу Маркет, напаѓајќи ги луѓето кои им се нашле на патот.

Засега никој не је презеде одговорноста за нападот во центарот на Лондон.

Премиерката на Британија, Тереза Меј изјавила дека ужасниот инцидент во Лондон се третира како потенцијален акт на тероризам.