Skip to main content

Четврта жртва во Кина од корона вирусот

Четири лица умреле откако биле заразени со новиот респираторен вирус.

 |   | 

Четири лица умреле откако биле заразени со новиот респираторен вирус.

Досега со него биле инфицирани околу 220 луѓе во неколку кинески провинции, како и во Тајланд, Јапонија и Јужна Кореа. Кинеските власти вчера потврдија дека петнаесетина медицинари биле заразени со новиот коронавирус.

Светската здравствена организација за утре закажа итен состанок за да утврди дали новиот вирус бара прогласување итна состојба.