Skip to main content

СЗО: рано е за вонредна состојба

Светската здравствена организација соопшти дека смртоносниот вирус во Кина од кој заболеа стотици луѓе сè уште не е глобална здравствена закана.

 |   | 

Светската здравствена организација соопшти дека смртоносниот вирус во Кина од кој заболеа стотици луѓе сè уште не е глобална здравствена закана. Организацијата одржуваше итен состанок, откако кинеските власти ставија во карантин неколку градови претходно и ги откажаа големите настани во главниот град Пекинг, за време на празничниот период на Кинеската нова година, во обид да го контролираат вирусот.

Одлуката на СЗО не треба да се сфати како знак дека не ја сметаме ситуацијата за сериозна, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејзус.

Експерти од здравствената агенција на Обединетите нации два дена вршеa проценkа за сериозноста на заканата. Од таму велат дека е премногу рано да се разгледува како глобален итен случај. Претходно како глобални вонредни состојби беа прогласени појавата на вирусот Зика во Америка, пандемија на свински грип и детската парализа.