Skip to main content

Џеф Безос денеска ќе лета во Вселената

Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, денес ќе патува во вселената со ракетата „Њу Шепард“ на својата компанија „Блу Ориџин“, како дел од екипажот од историскиот суборбитален лет што претставува почеток на новата ера на приватните вселенски патувања.

 |   | 

Американскиот милијардер ќе полета од пустина во западен Тексас, а патувањето до работ на вселената ќе трае 11 минути. Пред девет дена, британскиот ривал на Безос, Ричард Брансон, беше дел од успешниот лет во вселената на „Вирџин Галактик“.

Патувањето на Безос ќе се емитува во живо.

https://youtu.be/K_POkLCvvko