Skip to main content

Косовски автобус се преврте во Хрватска-10 загинати

10 лица загинаа во тешката сообраќајна несреќа во Славонски Брод каде утрово се преврте косовски автобус во кој имало 67 патници. Во автобусот имало 15 малолетници.

 |   | 

Министерот за здравство на Хрватска Вили Берош, го посетил местото на несреќата во Славонски Брод каде утрово косовски автобус се преврте, при што загинаа 10 лица. Министерот кажа дека во автобусот имало и деца.

Во автобусот имало 15 малолетници, едно девојче настрада – рече Берош.

Помошникот Дамир Трут објасни детали околу состојбата на патниците:

Севкупно имало 67 патници. Девет патници и еден возач загинаа на лице место. 44 патници се примени во болницата во Славонски Брод, и пружена им е лекарска помош. Осум од нив тешко се повредени, а досега четири се оперирани. 14 патници и еден возач се сместени во полициска станица, и чекаат да им биде обезбедено сместување – рече Трут.

Претседателот на Влада, Андреј Пленковиќ се огласи на „Твитер“ по повод несреќата.

Со голема тага ја примивме веста за излетувањето на автобусот кај Славонски Брод, во кој загинаа 10 лица. Со мислите сме со семсјствата на жртвите и косовските власти и народ, на кои изразуваме длабоко сочуство. Се надеваме дека повредените патници ќе се опорават – напиша Пленковиќ.