Skip to main content

Шумски пожар во Анталија, дел од населението евакуирано

Голем шумски пожар избувна денеска во регионот на Анталија, Турција, јавуваат турските медиуми.

 |   | 

Голем шумски пожар избувна денеска во регионот на Анталија, Турција, јавуваат турските медиуми.

Огнот избувнал во шумскиот предел во населбата Јеникој, а акцијата за гаснење се спроведува од воздух и од копно. Како што јавува агенцијата „Анадолија“ причината за пожарот сè уште не е позната, а поради опасност било евакуирано дел од населението во областа Калемлер.

Предизвикана е штета на неколку куќи, а настрадале и животни додека многу жители во паника се обиделе да избегаат од тоа подрачје.

„Дејли сабах“ јавува дека е евакуирано население и во Јеникој и Евренсеки, во близина на туристичкото место Сиде, како и дека пожарот зафатил област од 15 километри.

Засега нема информации за жртви.

Силните пожари во регионот на Анталија беа причина попладнево и министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, да ја откаже утрешната официјална посета на Анкара. Од МНР велат дека со жалост ја следат ситуацијата со пожарите со поддршка за тековната масовна противпожарна акција, што поскоро да успее да ја стави под контрола состојбата.