Skip to main content

Путин оди во самоизолација

Рускиот претседател Владимир Путин ќе оди во самоизолација бидејќи барем едно лице од неговата околина е позитивно за коронавирус, објави Кремљ.

 |   | 
Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ќе оди во самоизолација бидејќи барем едно лице од неговата околина е позитивно за коронавирус, објави Кремљ.

Се очекува тој да продолжи да се појавува на состаноци преку видео-врска. Соопштението објавено до новинарите во вторникот потврди дека Путин ќе мора да се изолира. Треба да се потсети дека Путин вчера изјави дека голем број луѓе во неговата непосредна околина се заразени со вирусот ковид-19 и дека тој самиот можеби ќе треба да биде ставен во карантин.

Единаесет луѓе од мојата придружба имаат проблем со ковид-19. Треба да видиме што навистина се случува. Мислам дека наскоро ќе треба да се ставам во карантин – рече Путин за време на средбата со параолимпијците.

Коментирајќи ја изјавата на Путин, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека претседателот зборува „фигуративно“.

Претседателот е апсолутно здрав. Тој одлучи да учествува преку Интернет на самитите на Шангајската организација за соработка и на ЦСТО, бидејќи бил во контакт со луѓе кои биле болни и не треба да ги става своите колеги во опасност – рече Песков.

Тој изјави дека Путин нема директно да присуствува на настаните некое време, но дека самоизолацијата нема да влијае на интензитетот на неговата работа на Интернет.