Skip to main content

Почина Марина Туцаковиќ

На 67 години по долго и тешко боледување почина најголемиот балкански текстописец Марина Туцаковиќ, потврди за Телеграф.рс нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута.

 |   | 

Најпознатиот српски текстописец, Maрина Туцаковиќ по тешко боледување, почина на 67 години.

Последните денови ги помина во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, каде што беше префрлена откако во вторникот и се влоши здравствената состојба.

Туцаковиќ беше позитивна на коронавирус и беше ставена респиратор, но не ја издржа борбата.

За потсетување, во 2018 година на Марина и беше дијагностицирано рак на дојка и оттогаш се лекуваше. За жал, не ја издржа битката од опасната болест.

Туцаковиќ беше една од најпознатите регионални текстописци, има напишано голем број хитови за Лепа Брена, Цеца Ражнатовиќ, Дара Бубамара, Ана Николиќ, Јелена Карлеуша…..