Skip to main content

Пациентка предизвикала пожар во ковид болница во Бугарија

Пациентка предизвика пожар во Одделот за ковид во болницата во Русе, јавија бугарските електронски медиуми.

 |   | 

Пациентка предизвика пожар во Одделот за ковид во болницата во Русе, јавија бугарските електронски медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, пациентката била приклучена на двоен извор на кислород, но ја симнала маската од лицето и со запалка почнала да бара предмет што и паднал вечерта под нејзиниот кревет. Близината на огнот до кислородот ја запалил маската и предизвикал пожар.

Само поради брзата и соодветна реакција на дежурниот тим, пожарот брзо е локализиран во Одделот за ковид во болницата Русе. Навремената реакција ја помогнала и самата пациентка, која веднаш дала сигнал преку алармниот систем во болницата.

Опожарени се неколку кревети, sидовите и апаратите со кислород во болничката соба. Четворицата пациенти не биле загрозени и тие веднаш биле префрлени во други простории.

Раководството на болницата во Русе размислува да издаде наредба според која на пациентите не треба да им биде дозволено да носат запаливи уреди при влегување во медицинска установа.