Севернокорејските медиуми наведуваат дека егзибицијата е одржана за да се прикаже на непријателите дека војниците имаат челични тупаници со кои го штитат мирот.
СЕВЕРНОКОРЕЈСКИ ВОЈНИЦИ СО ГЛАВА КРШАТ БЕТОНСКИ БЛОКОВИ
Севернокорејските државни медиуми објавиле видео на кое се прикажани тамошните војници како со глава и со раце кршат бетонски блокови, виткаат челични шипки.
| | Свет
Севернокорејските државни медиуми објавиле видео на кое се прикажани тамошните војници како со глава и со раце кршат бетонски блокови, виткаат челични шипки.
Видеото е направено за време на егзибициjата на одбранбените способности на војската која е одржана во Пјонгјанг, а меѓу гледачите бил и севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун.
На снимката се гледа како војници со раце и глава уништуваат цигли и плочки, лежат на искршено стакло и клинци додека други војници со чекани кршат бетонски плочи на нивните тела.
Големото финале на егзибицијата е кога двајца војници со вратови виткаат железни шипки и со силата на мускулите кршат ланци околу телата.