Skip to main content

Силен земјотрес во Медитеранот

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го потресе Медитеранот.

 |   | 
Земјотрес

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го потресе Медитеранот.

Според геодинамичкиот институт на националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е 127 километри југоисточно од Карпатос.

Земјотресот бил почувствуван и во Турција, Кипар и Египет. Според европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил на длабочина од 60 километри. Засега нема информации за повредени лица или евентуална штета.

Погледнете го видеото на следниот линк