Skip to main content

Драма во Мадрид: Луѓе влегле во музеј и се закануваат со самоубиство

Група луѓе кои преживеале масовно труење од репка пред четири децении во Шпанија, денеска објавија дека го зазеле музејот Прадо во Мадрид и се заканија дека ќе извршат самоубиство доколку Владата не ги исполни нивните барања.

 |   | 

Тие бараат од премиерот Педро Санчез да им помогне на жртвите од масовното труење што се случи во 1981 година.

Шест часа по нашето пристигнување овде, ќе започнеме да голтаме апчиња – објавија демонстрантите на профилот на Здружението на жртвите од тоа труење на Твитер.

Поради конзумацијата на преработено масло од семе од репка во тоа време, илјадници луѓе добиле разни белодробни заболувања, а многумина се уште ги чувствуваат последиците од труењето.