Skip to main content

Обезглавено тело на маж пронајдено во позната туристичка област

Тело на маж без глава и со отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Светските медиуми пренесуваат дека полицијата интензивно трага по Алекс Мартин, осомничен за ова злосторство.

 |   | 

Тело на маж без глава и со отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Светските медиуми пренесуваат дека полицијата интензивно трага по Алекс Мартин, осомничен за ова злосторство. Убиството се случило во познатата туристичка област Прованса, на Азурниот брег.

Полицијата објави фотографија од наводниот сторител на Фејсбук, маж во четириесетти години, и повика сведоци кои можеби ќе го видат веднаш да се јават во полиција. Според неофицијални информации, убиецот е внук на жртвата.

Локалниот градоначалник го опиша осомничениот како „нестабилна личност“ и ги информираше следбениците на Фејсбук дека наводниот сторител може да се крие во локалната шума позната како Бери.

Предупредуваат дека осомничениот бил вооружен со нож и дека е опасен. 

Во потрагата по осомничениот во областа распоредени биле хеликоптери, кучиња и други ресурси.