Skip to main content

Најмалку 11 загинати во пожар во рудник за јаглен во Сибир

Најмалку 11 лица загинаа, а 43 се повредени во експлозија предизвикана од пожар во рудник за јаглен во регионот Кемерово во Сибир, додека 49 рудари се уште се заробени под земја, соопштија денеска руските власти.

 |   | 

„Нема комуникација“ со оние кои останале под земја, рече Гувернерот на регионот Кемерово, Сергеј Цивиљев. Чадот оневозможува спасувачките екипи да дојдат до рударите кои се заробени.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека на површина се извадени 236 луѓе од рудникот. Од локалната итна помош соопштија дека четири лица се во тешка состојба, од кои двајца страдаат од вдишување чад.

Најмалку 287 луѓе биле во рудникот рано изутрината кога избувнал пожарот, изјави сопственикот на рудникот СДС-Угол, една од најголемите руски компании за јаглен.

Рудникот Листвјажнаја беше отворен во 2003 година.