Skip to main content

Маж облечен како нинџа со меч нападнал две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат дека се работи за терористички напад, соопшти полицијата.

 |   | 

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат дека се работи за терористички напад, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил околу 16 часот кога полицијата почнала да апси маж поради кражба на автомобил, јавува „Ројтерс“. Откако полицијата извесно време го бркала низ улиците, човекот, чие име и националност не се наведуваат, удрил во билборд и застанал во близина на бензинска пумпа. Мажот потоа излегол од автомобилот облечен како нинџа и со јапонски самурајски меч се упатил кон полициското возило.

Првин со катана удрил една полицајка во брадата, а потоа друга во главата. Трет полицаец потоа го застрелал напаѓачот во стомакот и му нанел сериозни повреди, па со хеликоптер бил пренесен во болница. Двајца полицајци добиле полесни повреди и исто така се пренесени во болница.

Министерот за внатрешни работи, Џералд Дарманен, се огласи на „Твитер“ за да го коментира инцидентот и упати поддршка до полицијата.

При интервенцијата поради кражба на возила во Шербур, повредени се двајца полицајци. Поддршка за националната полиција – напиша Дарманен на „Твитер“.

 

 

Извор/МАКФАКС