Skip to main content

400 КИЛОГРАМИ КОКАИН СПАКУВАН ВО ПАКЕТИ ОД БАНАНИ

Околу 400 килограми кокаин вчера попладне биле откриени во дистрибутивниот центар (ЛДЦ) на компанијата Воли Трејд, која е во мнозинска сопственост на бизнисменот Драган Бокан.

 |   | 

Околу 400 килограми кокаин вчера попладне биле откриени во дистрибутивниот центар (ЛДЦ) на компанијата Воли Трејд, која е во мнозинска сопственост на бизнисменот Драган Бокан.

Кокаинот бил спакуван во кутии од банани од Еквадор. Според неофицијални податоци, сомнителниот бел прашок го пронашле работниците на таа фирма, по што била известена полициската управа и другите надлежни државни органи.

Според податоците до кои дојде порталот ПРЕСС, компанијата Воли Трејд со години увезува банани од Латинска Америка. Компанијата увезла дури 211 бродски пратки од Еквадор, а 14 од Бразил.

Според специјализираниот сајт „ImportGenius“, компанијата на Бокан, Воли Трејд од Еквадор увезувала банани од две компании Sabrostar Fruit Company S.A. и Лудерсон С.А.

Најмногу испораки биле направени преку Sabrostar Fruit Company S.A. Мал дел од пратките оделе преку компанијата Лудерсон С.А., која претходно беше спомната во медиумите во врска со трговијата со дрога во Еквадор.