Skip to main content

6 земји од регионот на црната листа по број на починати од ковид

Според податоците на веб страницата Ворлдометерс, шест земји во регионот се на црната листа по бројот на починати од Ковид во Европа.

 |   | 
погребна кола

Според податоците на веб страницата Ворлдометерс, шест земји во регионот се на црната листа по бројот на починати од Ковид во Европа.

На врвот на листата е Бугарија, каде што починале 31.838 лица, што значи дека умреле 4.635 на милион Бугари. По нив следува БиХ, каде од коронавирус починале 13.696 луѓе, што значи дека починале 4.215 луѓе на милион жители.

Потоа следуваат Унгарија, Црна Гора, па Македонија. Хрватска се најде на седмото место од 10-те најлоши во Европа, каде од коронавирус починале 12.983 лица односно на милион жители починале 3.193 луѓе. Словенија не влезе во 10-те земји со најцрна бројка на починати од ковид, но е блиску, односно го зазеде 13-тото место. На најдобрата позиција на листата е Србија, која е на 30-то место во однос на регионот, со 1.495 починати од ковид  на милион жители.