Skip to main content

Принцот Ендрју остана без кралската титула

Кралицата му одзеде голем број воени титули и кралското покровителство на принцот Ендрју, соопшти Бакингемската палата. До ова дојде ден откако неговите адвокати не успеаја да убедат американски судија да ја отфрли граѓанската тужба против него во која тој беше обвинет за сексуален напад.

 |   | 

Кралицата му одзеде голем број воени титули и кралското покровителство на принцот Ендрју, соопшти Бакингемската палата. До ова дојде ден откако неговите адвокати не успеаја да убедат американски судија да ја отфрли граѓанската тужба против него во која тој беше обвинет за сексуален напад.

Со одобрение и согласност на кралицата, воената титула војвода од Јорк и кралското покровителство ѝ беа вратени на кралицата – се вели во соопштението на Палатата, во кое се додава дека војводата од Јорк нема да презема никакви јавни должности и во овој случај ќе се брани како приватен граѓанин.

Принцот Ендрју, исто така, ќе престане да ја користи титулата Неговото Кралско Височество, додаде кралскиот извор за Би-Би-Си. Должностите на војводата ќе бидат распределени меѓу членовите на кралското семејство.

Американскиот суд на 12 јануари ја отфрли жалбата на британскиот принц Ендрју и даде зелено светло за продолжување на постапката по тужбата за сексуална злоупотреба на малолетничка. Вирџинија Џифре тврди дека принцот сексуално ја злоставувал кога имала 17 години.

Во тужбата се наведува дека покојниот Џефри Епштајн тргувал со нејзиното тело и ја принудувал на секс со нејзините пријатели, вклучувајќи го и принцот, пренесува Си-Ен-Ен.

Тогаш позната како Вирџинија Робертс, Џифре изјавила дека принцот ја нападнал во лондонската куќа на тогашната девојка на Епштајн, Гислајн Максвел, и во куќите на Епштајн во Менхетен и Сент Џејмс, на Девствените Острови. Ендрју ги отфрли сите обвиненија. Кон крајот на 2019 година, тој за Би-Би-Си изјави дека никогаш немал сексуални односи со Џифре и дека „не се сеќава“ дека некогаш ја сретнал.