Skip to main content

Северна Кореја истрела неидентификувана ракета

Северна Кореја денеска истрела неидентификуван проектил во правец на исток, соопшти јужнокорејската армија.

 |   | 

Северна Кореја денеска истрела неидентификуван проектил во правец на исток, соопшти јужнокорејската армија.

Јапонската крајбрежна стража наведува дека испуканиот проектил би можел да биде балистичка ракета, јавија некои светски агенции.

Ова е трето лансирање што Северна Кореја го изврши оваа година. Претходно беа истрелани проектили на 5 и 11 јануари, а Пјонгјанг соопшти дека успешно е тестирана хиперсонична ракета.