Skip to main content

Ти Си Твојот Град

ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД е проект кој на граѓаните им овозможува да креираат содржини и да иницараат теми кои сметаат дека се важни за заедницата.

 |  инфодеск  | 

Биди и ти дел од ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД – рубрика преку која заедно со граѓаните ќе ги лоцираме и адресираме до надлежните сите проблеми, лоши практики и однесување во секој дел од општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца, а воедно ќе оддадеме признание и пофалба на добрите, позитивните, корисните, креативните примери од сите сфери на општествено живеење во заедницата.

Имате можност да се вклучите на два начини:

Пријави, одговори, вклучи се  – Преку пополнување на општи или тематски прашалници, пријавете лоши практики и однесување, непочитување на законите, криминал, корупција, недоследности, предизвици, секојдневни проблеми од општественото и социјалното живеење. Нашиот тим ќе ги разгледа вашите пријави, заедно ќе истражуваме и ќе бараме решенија.

Прашалникот можете да го пополнете тука

Сликај, сними, испрати – се што треба да се направи е да го сликате или снимите сѐ она на кое што наидувате во секојдневниот живот во средината во која што живеете, а кое или ви пречи или сметате дека е добар пример. Материјалите треба да ги испратите до ТелевизијА ТВМ преку неколку канали согласно своите преференци:

– преку веб страната tvm.mk со регистрирање на посебната рубрика ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД
– на e-mail адресата tisitvojotgrad@tvm.mk
– во порака на социјалните мрежи на профилите на ТелевизијА ТВМ.

Затоа што нам ни е важно вашето мислење.

На овој начин, граѓаните стануваат потенцијални добитници на подароци и ваучери од нашите пријатели, а најактуелните и најиздржани теми ќе бидат новинарски обработени од информативната редакција на регионална ТелевизијА ТВМ.


 

* Проектот е наменет за лица постари од 18 години. 

* Корисникот е лично одговорен за заштита на доверливоста на лозинката на својот профил на tvm.mk

* Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.tvm.mk. ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста.

* Сите материјали, информации и други соопштенија кои се ирпраќаат за проектот нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за потребите на истиот. (тука не спаѓаат вашите лични податоци.) Доставувањето на видео и фото материјали значи дека се согласувате истите да бидат објавени за потребите на проектот.

 


 „ТИ СИ ТВОЈОТ ГРАД“ е проект на  Регионална Телевизија ТВМ – Охрид и порталот tvm.mk, помогната од од програмата „Media for All“ финансирана од Владата на Обединетото Кралство и спроведена од Британски совет во партнерство со Фондацијата „Томсон“, БИРН (Балканската истражувачка мрежа) и ИНТРАК.