Skip to main content

Саниран проблемот кај „Методи Патче“

Откако беше објавена веста во рубриката „Ти си твојот град“, дека тече вода од асфалтот во близина на Музичкото училиште, надлежните веднаш реагираа и го санираа проблемот.

 |   | 

После објавувањето на дојавата од наши сограѓани пристигната во рубриката „Ти си твојот град“, дека неколку денови тече вода од асфалтот кај Музичкото училиште „Методи Патче“, веднаш е реагирано од надлежните служби и проблемот е саниран.

Затоа, бидете и вие дел од #ТиСиТвојотГрад. Покажете ни што ве интересира, што ви пречи, што ви се допаѓа, што сакате да се смени, а што да се пофали…

За потсетување, оние кои ќе ни испратат слика или снимка, имаат можност да добијат подарок или ваучер.