Skip to main content

Нов изглед на улицата 15-ти Корпус

Новиот изглед на улицата 15-ти Корпус е едно убаво освежување за возачите и пешаците кои се движат во овој дел од Охрид.

 |   | 

Улицата 15-ти Корпус блесна во ново руво, а оваа голема промена им се допадна на Охриѓани и жителите на околните места кои секојдневно се движат по оваа улица.

-Улицата важи за една од најпрометните улици, бидејќи се наоѓа на излезот на Охрид и го поврзува градот со повеќе урбани средини. Новиот асфалт, проширување на бројот на ленти, патоказите и пополнетите дупки се навистина добро освежување за сите шофери.-вели наша сограѓанка која ни испрати слики и се вклучи во рубриката „Ти си твојот град“.