Skip to main content

Обележан паркинг простор кај Табана

Во склоп на „Ти си твојот град“ денес добивме слика од Александар Карадимче со информација која има позитивна конотација за оваа летна сезона.

 |   | 

Секојдневно, за рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнуваат слики со разни теми од Охрид, околината на Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца, регионот кој го покрива Регионалната Телевизија ТВМ.

Денес ни пристигна слика од Александар Карадимче кој ни остави и коментар во кој се вели:

Информација што има позитивна конотација за оваа сезона. Жителите на стар град конкретно локација Табана може се рече имаат решен проблем со сообраќајот и паркингот, барем за паркинг местата кои не се во наплатните зони, со соодветно обележување и исцртување и обележување на слободните паркинг места.
Сликa во прилог. Како што имав претходно предлог да се исцртаат сите паркинг места во Охрид, кои не се во зони за наплата, со што ефикасно ќе се искористи просторот дозволен за паркирање. А истовремено добро обележаните пристапните патеки за пешаци и велосипедисти ќе бидат слободни за поминување. Сите возила што се затекнати на необележано место, во трева на тротоари да бидат опоменати, па казнети доколку не бидат отстранети.