Skip to main content

Млади охриѓанчиња-голфери

Локалната самоуправа на град Охрид ќе му даде спортски дух на потегот кај старата охридска касарна. Од сликите кои пристигнаа за „Ти си твојот град“ може да погледнете кој најмногу се израдува на голф-теренот кој сеуште е во подготовка.

 |   | 

Одлична иницијатива на Локалната самоуправа на град Охрид, која реши на потегот кај старата касарна да внесе спортски дух. Покрај теренот за баскет, сега на ред е голф-терен. Во рубриката „Ти си твојот град“ добивме слики од голф теренот кој сеуште е во подготовка, најмногу се радуваат најмладите охриѓанчиња кои живеат во околината.

-Голф теренот на просторот во касарната во Охрид, кој сеуште е во фаза на подготовка. Огромен интерес за овој спорт пројавија децата кои живеат во близина на истиот. Одличен поттик за што поскоро завршување на истиот и ставање во функција.