Skip to main content

Ѓубре на патот кај ЈП Водовод и Билјанини извори

Во склоп на „Ти си твојот град“ од наша сограѓанка добивме слики преку кои може да видиме расфрлано ѓубре на улицата која води кон ЈП Водовод и ресторанот Билјанини извори.

 |   | 

Наша сограѓанка ни испрати слики во склоп на „Ти си твојот град“ од улицата која води кон ЈП Водовод и ресторанот Билјанини извори. Таа остави и коментар во кој вели:

Нашата ниска еколошка свест, овој пат „уловена“ на патот кој води кон ЈП Водовод и ресторанот Билјанини извори. Овој потег се користи како паркинг за автомобили и автобуси, а ѓубрето најчесто завршува во зеленилото покрај патот. Нема корпи за отпадоци па би било добро да се постави табла која ќе ја разбуди свеста на посетителите дека ѓубрето треба да си го понесат со себе и да го фрлат во најблискиот контејнер за отпад, а не да го расфрлаат по околината.