Skip to main content

КОЈ ИГРА НА УЧИЛИШНОТО ИГРАЛИШТЕ ОД О.У „ХРИСТО УЗУНОВ“?

Наш сограѓанин испрати слика до „Ти си твојот град“ реагирајќи дека училишното игралиште во ОУ Христо Узунов не треба да се користи бидејќи е од затворен тип.

 |   | 

Жители на улицата „Питу Гули“ реагираат дека педесетина деца го користат игралиштето во ОУ „Христо Узунов“. Велат дека игралиштето е во рамки на училиштето и е од затворен тип. Слика и видео испратија до рубриката „Ти си твојот град“.

Веќе подолг период се собираат над 50 деца на игралиште кое треба да е од затворен тип. Нема ниту физичка ниту техничка заштита. Па секој ден по неколку пати паѓаат топки, по закон ова е училишен двор и не смее да се задржуваат во училишниот двор. Сите се глуви за овој проблем и директорката и локалната и инспектори. Сите викаат дека не треба да се дозволи ова, а сите молчат. Се знае тоа дека Христо Узунов е црна точка – вели нашиот сограѓанин.

На следниот линк погледнете го и видеото !