Skip to main content

Кога ќе се среди сокачето на улицата 7-ми ноември?!

Денес во „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашата сограѓанка Весна Шопоска која ги прашува надлежните институции кога ќе се среди малото сокаче на улицата 7-ми ноември?!

 |   | 

Во рубриката „Ти си твојот град“ секојдневно пристигнуваат слики од различни проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Охрид. Весна Шопоска ни испрати слики од сокаче на улицата 7-ми ноември кое долги години е оставено во лоша состојба. Еве го и нејзиниот коментар околу состојбата.

7 Ноември во срцето на Охрид. Сокаче со две згради и три куќи. Пристап никаков, чистење од Комуналец еднаш на две години. Еден ден и руинираните ѕидови ќе паднат врз минувачите. Прашање е дали и кога ќе се среди ова сокаче? – напиша Шопоска.