Skip to main content

Нова дива депонија во населбата Расадник

Жители на населбата Расадник реагираат на новата дива депонија која што е лоцирана позади трафостаницата кај Бејбунар. Овој проблем тие го споделија во рубриката „Ти си твојот град“

 |   | 

Жители на населбата Расадник реагираат на новата дива депонија која што е лоцирана позади трафостаницата кај Бејбунар. Овој проблем тие го споделија во рубриката „Ти си твојот град“. Сликата ја испрати Соња Силјаноска.

Дивата депонија се наоѓа во населба Расадник, лоцирана позади трафостаницата во областа Бејбинар. Комплексот е составен од скоро 12-тина згради кои се соочуваат со многу урбанистички и инфраструктурни проблеми. Имено, целиот тој комплекс згради нема зелен парк каде жителите на оваа населба, независно на возраста, ќе уживаат во зеленилото, дрвјата и цветните површини на тој парк, кој за жал не постои и воопшто не е ни планиран да се изгради во иднина. Наместо долгоочекуваниот парк, оваа населба доби нова депонија. Би сакала да ве замолам ако може да се ескалира и проблемот со немање зелени површини и детски игралишта паралелно со проблемот со новата депонија. Ви благодарам за времето и вниманието – вели Силјаноска.