Skip to main content

Прекин на системот за наводнување на јавно зеленило на Туристичка

Даниела Сакова за рубриката „Ти си твојот град“ испрати слики од кои се гледа прекин на системот за наводнување на јавно зеленило на ул. Туристичка. Прашува на кого му смета ова?!

 |   | 

Наша сограѓанка во склоп на „Ти си твојот град“ информира за прекин на системот за наводнување на јавно зеленило на улицата Туристичка. Даниела Сакова која ни ги испрати сликите апелира до надлежните да го решат проблемот.

Во прилог ви испраќам слики кои се направени вчеравечер на ул. Туристичка пред спортската сала во училиштето Григор Прличев. Извадена од земјата се гледаат цревата за довод на вода на младите дрвца на систем капка по капка. Не ми е јасно на кого му сметале, а се веднаш пред училиштето од страната на ул. Туристичка. Се надевам дека надлежните ќе реагираат на време – вели Сакова.